Missing image

Само 12% од луѓето ги мијат рацете пред јадење

Вашингтон, 3. август 2014 (ИНПРЕС) – Човечките раце собираат многу повеќе штетни бактерии отколку површините кои ги допираме на јавни места, покажува најновото истражување.

Резултатите од истражувањето покажаа дека нашите раце се валкани и имаат многу повеќе бактерии од клупите во трговските центри и парковите, рачките на вратата во лифтовите и слично. Но и покрај тоа, само едно на секои осум лица ги мие рацете пред јадење.

На јавните клупи има околу 10 бактерии на квадратен сантиметар. Вкупното количество за целата клупа е околу 33.000 микроби. Во исто време, секој човек носи на рацете повеќе од 10 милиони бактерии, утврдиле научниците од Универзитетот на Аризона.

92% од анкетираните учесници истакнале дека избегнуваат да допираат валкани маси и столици од грижа за своето здравје, а само 13% изјавиле дека не ја допираат храната, ако претходно не ти се измиле рацете. (Крај)

извор: Health фото: архива