Missing image

Перформанс Loss-Layers (Франција) на ПЛАТФОРМ(а)

Скопје, 15. декември 2016 (ИНПРЕС) – Вечерва со почеток во 20.00 часот, во Кино Култура како дел од ПЛАТФОРМ(а)-програма за современи изведувачки уметности Декември, организирана од Локомотива – Скопје, ќе се прикаже перформансот LOSS-LAYERS на A.lter S.essio од Нормандија, Франција.

Гостувањето на A.lter S.essio со LOSS-LAYERS се реализра во рамки на програмата за уметничка размена на Програмата за децентрализираната соработка помеѓу регионот Норманднија (Франција) и Република Македонија.

Влезот е слободен.

Три елементи истовремено се развиваат: звук, слика и тело. Борба којашто ги преиспитува ситуациите на загуба (баланс, релација, контрола, идентитет) во непријателски свет. Сликата се влева во телото. Гледачот е изгубен помеѓу илузијата и реалноста. Сомнежот и стравот постепено се појавуваат, поттикнувајќи го гледачот да ги забележи ситните детали и да го прими чувството на отпорот или прифаќањето пред самото прелевање.

A.lter S.essio е уметнички колектив базиран во Франција, со членовите Fabrice Planquette (концепт, аудио и визуелност) и Yum Keiko Takayama (кореографија, изведба). Секој проект е резултат на специфични истражувања , интердисциплинарност и заедништво во тимот. Сите уметници- гости со себе го носат сопствениот јазик, сензитивност и перспективи. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива