Арнаудов: Секојдневно се зголемува бројот на изумрени риби кај каналот „Студенчишта“

Охрид, 3. март 2017 (ИНПРЕС) – Изминативе неколку дена во водата кај каналот „Студенчишта“ се забележуваат голем број на изумрени единки на риби, алармира охридскиот екологист Климент Арнаудов, активист на граѓанската иницијатива „Охрид SOS“.

Арнаудов додава дека недостигот на кислород и изливот на нафта од чамците, недостатокот на кислород и излив на нафта допринесува дополнително за поморот.

– Јас речиси секојдневно поминувам од тука. Не е прв пат да се забележуваат изумрени плашици, но она што го забележав во последните два дена, веќе ја надминува границата. Што друго може да се очекува, штом тука се гради канал полн бетон и камен, кој претходен беше полн со плодна мил. Дрвата и трската сега се искорнати. Езерото мора да го заштитиме во целост, вели Арнаудов.

Ова не е прв случај во Охридското Езеро да има помор на плашица. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Климент Арнаудов