Missing image

Пратеничката Лазаревска ќе учествува на 14-от состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – РМ и ЕУ во Стразбур

Стразбур/Охрид, 7. февруари 2018 (ИНПРЕС) – Денеска и утре во Стразбур по прекин од две години, ќе се одржи 14-от состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Македонија и Европската унија.

Во делегацијата која ќе го претставува македонското собрание е пратеничката од Охрид, Жаклина Лазаревска, а покрај неа се и Горан Милески, Антонио Милошески, Реџеп Мемеди,  Бетијан Китев и Ејуп Алими.

Лазаревска ќе имам воведно излагање по однос на имплементацијата на Планот 3-6-9 и Препораките на Групата експерти на Високо ниво за системските прашања од владеењето на правото по однос на Реформите во медиумите во Република Македонија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива