Missing image

Хидрадермија лифт – револуција во подмладувањето на кожата

Охрид, 5. август 2014 (ИНПРЕС) – Како што поминуваат годините, лицето ги губи своите контури што претставува прв знак на стареење.

Обичните лифтинг третмани дејствуваат само на стуктурата на кожата, ја реконструираат мрежата во епидермусот и го зацврстуваат дермисот. Хидрадермија лифт е напреден третман на Guinot, кој го подобрува тонусот на кожата и длабински го зацврстува лицето.

Третманот кој го создаде „Guinot” – хидрадермија лифт, претставува револуција во подмладувањето на кожата. Со него директно ги стимулираме фацијалните мускули со што го подобруваме тонусот на кожата и добиваме лифтинг-ефект.

Третманот се одвива во три фази

1. Детоксикација преку лимфна дренажа. Со помош на нежни движења , топчестите електроди на лицето во комбинација со посебни антиридни гелови постигнуваат зголемување на циркулацијата на кожата и елиминирање на токсините.

2. Мускулна стимулација – Со помош на хидра-лифт апаратот ги вежбаме мускулите на лицето со што се придонесува за зголемување на нивниот тонус и волумен, лицето е затегнато а брчките измазнети.

3. Лифтинг-масажа. Вашиот терапевт за убавина го комплетира вашиот третман со релаксирачка лифтинг-масажа со користење на соодветни масажни кремови за дополнителна рехидратација, ревитализација , затегнување и тонирање на кожата . Хидрадермија лифт на очната зона Хидрадермија лифт на очната зона е нехируршки лифтинг и претставува прв чекор за спречување на почетните знаци на стареење, кој дава видливи резултати и по првиот третман. Успешно ја тонира кожата и ги реобликува контурите на очната зона, давајки свеж и заводлив изглед.

Тајните на третманот

Се нанесуваат соодветни гел-серуми за очната зона кои содржат активни состојки, антиридни компоненти и екстракти од растително потекло како идеален медиум за дренажа и мускулна стимулација при третманот на очната зона.

Ефектите на третманот се намалување на подочниците и кесичките, подобрување на циркулацијата, свеж и одморен изглед, без темни кругови и подочници. Најдобри резултати се постигнуваат со серија од три третмани. (Крај)

извор: Beauty Touch