ЛШ: Вардар во група со Веспрем, Киелце, Монпелје, Кил…

Охрид, 28. јуни 2019 (ИНПРЕС) – Европскиот ракометен шампион Вардар предмалку ги доби противниците во новата сезона од Лигата на шампионите.

Вардарци оваа година се најдоа во групата „Б“, а за ривали ги добија Веспрем, Киелце, Монпелје, Мотор Запорожје, Мешков Брест, Кил и Порто.

Најдобриот тим од групата ќе се пласира директно во четвртфиналето на најпрестижното ракометно натпреварување, додека екипите од второто до шестото место ќе играат осминафинале со останатите екипи од групите.

Ждрепка за сезоната 2019/2020:

Група А:

ПСЖ
Барселона
Флензбург
ППД Загреб
ПИК Сегед
Алборг
Елверум
Целје

Група Б:
Вардар
Веспрем
Киелце
Монпелје
Мотор Запорожје
Мешков Брест
Порто
Кил

Новата сезона во Лигата на шампионите стартува во септември. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива