Missing image

Од полноќ поскапуваат горивата

Скопје/Охрид, 1. јули 2019 (ИНПРЕС) – Од полноќ нова, повисока цена на нафтените деривати.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика цената на Еуросупер БС-95 се зголемува за 1,5 денари, а на Еуросупер БС-98, Еуродизел и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за еден денар.

Новата цена на литар Еуросупер БС-95 ќе биде 68,50, на Еуросупер БС-98 70,50, на Еуродизелот 61,50, а на Екстра лесното масло за домаќинство 51 денар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемуваза 1,612ден/кг. и ќе чини 34,849ден/кг. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива