„Аквалина ЛЕТО 2019“: Оваа сабота забава со група „Броз“

Охрид, 3. јули 2019 (ИНПРЕС) – Оваа сабота, продолжува „Аквалина ЛЕТО 2019“ со уште една супер понуда на ТОП локацијата ова лето, хотел„ Аквалина“ во населбата „Св. Стефан“.

– Повелете на забава на шанкот на „Аквалина“ со одличната охридска група „Броз“. Лето, базен, вкусна храна… Имаме се’ што треба за вистинско место за уживање, порачуваат од хотел „Аквалина“.

Дополнителни информации можете да добиете на телефон: 046/200-047, или на Facebook страната на хотелот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива