СИТЕ ВО ОХРИД: Лозано со МЕГА концерт на стадионот „Билјанини извори“ на 2-ри август

Охрид, 4. јули 2019 (ИНПРЕС) – Охрид, покрај на музичарите од соседството, но и целиот свет, ова лето ќе биде домаќин и на најголемите ѕвезди на македонската естрада.

Во организација на Прагма Продукција, во петок, на 2-ри август, за Илинден, во Охрид ќе се одржи вистински МЕГА музички настан, достоен за големиот празник. Мега популарниот Влатко Лозаноски Лозано ќе одржи голем концерт на отворено, кој се очекува да биде еден од врвните настани ова лето во Охрид.

– Со нетрпение чекам да Ве видам и да пееме заедно во еден глас. Се гледаме на втори, напиша Влатко на неговиот профил на Facebook. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива