Во среда се отвора првиот оперативен и тренинг центар на Планинската спасителна служба

Охрид, 4. јули 2019 (ИНПРЕС) – Во среда, на 10-ти јули, пред Центарот на Планинската спасителна служба во Охрид ќе биде отворен првиот оперативен и тренинг центар.

Центарот кој работи при Црвен крст Охрид е изграден во рамките на проектот „Регионот Oхридско Езеро – Безбедна дестинациjа за авантуристички туризам“, финансиран од Европската унија, програма за прекугранична соработка со Албанија.

На настанот ќе присуствуваат и свое обраќање ќе имаат: Самуел Жбогар, Евроамбасадор во Република Македонија, Луиџи Сорека, Евроамбасадор во Република Албанија, министерот за локална самоуправа Горан Милевски и д-р Константин Георгиевски, градоначалник на општина Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива