Промоција на книгата „Да не бидам покусо“ од Ѕвездан Георгиевски во „Култура 365“

Охрид, 5. јули 2019 (ИНПРЕС) – Новата културна манифестација ЛУНУС – Летните уметнички ноќи на улица Самоилова, продолжува со своите активности.

Утревечер ќе биде претставена книгата со куси прозни форми од Ѕвездан Георгиевски, насловена „Да не бидам покусо“. Книгата ќе ја претстави Славе Ѓорѓо Димоски. Настанот почнува во 20:00 часот во Културно-информативниот центар „Култура 365“.

Новата културна манифестација ЛУНУС, која ќе трае до крајот на август е во насока на промоцијата на македонски и туѓоземни уметници, како и збогатување на културниот живот во Охрид со нови уметнички содржини, велат иницијаторите. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива