Се подигнуваат картичките за движење на возила во Стар град

Охрид, 5. јули 2019 (ИНПРЕС) -Граѓаните од Стар град може да си ги подигнуваат картичките за да може да се движат со возилата.

Од општина Охрид информираат дека жителите кои имаат поднесено барање, а немаат добиено картички за движење со возила во тој дел од градот, треба да се обратат во Секторот за комунален развој, сообраќај и улици и да ги подигнат картичките.

Од следната недела треба да почне да се применува летниот сообраќаен режим за движење во централното градско подрачје. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива