Тепачка на булевар „Туристичка“, учествувале три лица од Охрид

Охрид, 9. јули 2019 (ИНПРЕС) – На 7-ми јули 2019 година, околу 17:00 часот, нарушен е јавниот ред и мир од страна на неколку лица на булевар „Туристичка“ во Охрид.

– Во овој период се случи физичка пресметка помеѓу 50-годишниот Д.Ц. од една и 44-годишниот Љ.Н. и 41-годишниот Б.Н. од друга страна, сите од Охрид. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид, во согласност со одредбите од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, ќе поднесе пријава, информираат од секторот. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива