Георгиески за 24 Вести: Објектот до Чинарот е дивоградба и ќе се отстрани

Охрид, 9. јули 2019 (ИНПРЕС) – Објектот/пицерија на советникот на ДУИ до Чинарот во Охрид не може да се легализира, затоа што за тој објект има решение за отстранување.

Ова синоќа го порача на емисијата 24 Тренд Анализа на Тв 24 Вести градоначалникот на Охрид, д-р Константин Георгиески.

– Последниот контролен записник е направен на 26-ти јуни 2019 година. И покрај донесените акти од страна на инспекторот, инвеститорот продолжи со градба и тоа е негова одговорност. Тука станува збор за дивоградба и таа ќе се третира како сите други, односно ќе се отстрани. Не може да биде легализирана затоа што има записник од инспектор, истакна Георгиески. (Крај)

извор: 24 Вести/ИнПрес фото: архива