Општинска делегација во посета на Веспрем

Веспрем, 9. јули 2019 (ИНПРЕС) – Делегација на општина Охрид составена од членовите на Советот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, Лидија Петкоска и Снежана Стефаноска, од 3-ти до 5-ти јули престојува во работна посета на Веспрем, Унгарија.

Посетата беше во насока на зајакнување на соработката помеѓу Охрид и Веспрем, кои веќе имаат воспоставено одредени билатерални односи.

Овој унгарски град е прогласен за Европски град на културата за 2023 година и за таа цел локалните власти, организираа Конференција, за презентација на своите планови, размена на искуства и концепти за подобрување и зголемување на понудата на културни настани и манифестации.

Покрај учеството на конференцијата, охридските советници, оствариле средби со локалните власти на Веспрем, на кои се разговарало за размена на ученици од основните училишта од двата града, вклучувајќи го и музичкото училипте, а било разговарано и за размена на студенти од Факултетот за туризам, како основа за заедничка стратегија за развој на туризмот. Исто така било разговарано и за продлабочување на соработката во областа на спортот, особено во делот на ракометните клубови, како и за зголемување на соработката во рамки на организацијата на различни културни настани и манифестации. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид