Хорот „Вокс Лихнидос“ организира Интернационален годишен концерт на хорска музика

Охрид, 9. јули 2019 (ИНПРЕС) – Охридскиот градски мешан хор „Вокс Лихнидос“ е организатор на првиот Интернационален годишен концерт на хорска музика.

По успешниот настап во Романија, нашите хористи ќе бидат домаќини на овој настан, со тенденција истиот да прерасне во традиција. Ќе настапат хорови од Македонија, Србија, Бугарија и Косово.

Концертот ќе се одржи утревечер во Католичката црква во Охрид од 20:00 часот, а влезот ќе биде слободен. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива