Книжевна вечер со писателот Наум Трајчески во КИЦ „Култура 365“

Охрид, 10. јули 2019 (ИНПРЕС) – Книжевна вечер со Наум Трајчески, македонски писател од Австралија.

Настанот е во рамки на новата културна манифестација „ЛУНУС“ – Летни уметнички ноќи на улица „Самоилова“.
Трајчески е по потекло од охридското село Издеглавје, а веќе подолг период постојано живее и работи во Австралија. Автор е на неколку книги со проза и поезија.

Книжевната вечер со Наум Трајчески ќе се одржи вечерва во КИЦ „Култура 365“, со почеток во 20:30 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива