Кривична за лице од Франгово поради агресивно и непристојно однесување во угостителски објект

Охрид, 11. јули 2019 (ИНПРЕС) – На 10-ти јули 2019 година, во СВР Охрид било пријавено дека во угостителски објект на улицата „Коста Абраш“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир.

– Пријавено е агресивно и непристојно однесување од страна на 40-годишниот Д.А. од струшкото село Франгово. Тој бил приведен во Полициска станица и против него, според одредбите од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива