Пронајдена малолетната девојка од струшко која беше пријавена за исчезната

Струга, 11. јули 2019 (ИНПРЕС) – На 10-ти јули 2019 година, полициски службеници ја пронашле малолетната девојка од струшко село за која на 9-ти овој месец, во Полициската станица во Струга нејзиниот татко пријави дека била насилно одведена од страна на лицето Ф.А.

– Девојката била во љубовна врска со Ф.А. и неколку пати претходно одела кај него по неколку денови и се враќала, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива