Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 23. степени

Охрид, 12. јули 2019 (ИНПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево со умерена облачност, попладне претежно во западните делови ќе има појава на локален дожд.

УВ индексот ќе биде 8, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 25. степени.

– Следува период на променливо и посвежо време. Денес и утре во попладневните часови ќе има појава на локален дожд. Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува во сабота во текот на ноќта и во недела, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: УХМР фото: ИнПрес