НБА: Вестбрук оди во Хјустон кај Харден

Хјустон, 12. јули 2019 (ИНПРЕС)Оклахома се согласиле да го трејдуваат својот најдобар играч, Расел Вестбрук во Хјустон, објави новинарот на ЕСПН Адријан Војнаровски. Вестбрук ќе му се приклучи во Хјустон на својот поранешен соиграч од Оклахома, Џејмс Харден.

Хјустон со Харден ќе формираат уште една пеколна двојка во НБА, што гарантира интересна борба за титулата најпрвин во Западната конференција, а потоа во лигата.

Во споменатиот трејд Оклахома ќе го добие Крис Пол и пикови во првите рунди од драфтот што ќе се одржи во 2024 и 2026 година.

Со заминувањето на Вестбрук завршува една ера во Оклахома. Вестбрук беше последниот член од оригиналниот тим, кој претходно играше во Сиетл.

Целиот текст тука

извор: Топспорт фото: архива