Шампионот од АБА лигата нема гарантирано место во Евролигата

Миес, 12. јули 2019 (ИНПРЕС)Првите луѓе на најелитното европско кошаркарско натпреварување, Евролигата на состанокот во Минхен одлучи регионалната АБА лига од 2020 да не дава претставник, односно да не се продолжи договорот со лигата кој завршува следната сезона.

Евролигата ги додели лиценците за 2020 – повтоно ќе има 18 клубови, а освен „сигурните“ учесници две лиценци одат за Баерн и Асвел (на две години), две лиценци за клубовите од Еврокупот, додека три екипи ќе влезат со „вајлд-карти“, а за АБА-лигата го нема гарантираното место.

Сепак, постои надеж дека АБА клубовите ќе може да добијат барем една од вајлд-картите, со што барем еден клуб од регионот би бил дел од елитата. Од АБА лигата реагираа со соопштение во кое велат дека шампионот од лигата, сепак, ќе има повластена улога при влегувањето во Евролигата.

Целиот текст тука

извор: Топспорт фото: архива