До општината нема поднесени барања за надомест на штети од последното невреме

Охрид, 12. јули 2019 (ИНПРЕС) – Засега до општината нема поднесени барања од граѓани за обесштетување, по завчерашното невреме што го зафати Охридскиот регион, проследено со силен пороен дожд и електрични празнења.

Од општина Охрид за Супер радио и OhridPress информираа дека екипа на Кризниот штаб излегла на терен да изврши увид во состојбите. Доколку некои од граѓаните поднесат барања за обештетување, тогаш ќе се прави проценка на штетите и ќе следи одредување на висината на надоместокот.

Охридскиот регион завчера го зафатија силни врнежи од дожд и грмежи. Најмногу штети имаше во Трпејца, Љубаниште и Св. Наум. Билансот од невремето беа паднати дрва, оштетени угостителски објект, кајчиња, камп приколки и шатори, за среќа без повредени граѓани.

Image may contain: outdoor and nature

За разлика од кај нас, невремето од другата страна на Галичица, во Преспа, предизвика многу поголеми штети. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива