Во Охрид денес сончево и потопло време со умерена облачност и температура до 26. степени

Охрид, 18. јули 2019 (ИНПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

УВ индексот ќе биде 8, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 26. степени.

– Следува период на потопло време со пораст на дневните температури. Утре во попладневните часови ќе има изолирана појава на дожд и грмежи, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: УХМР фото: ИнПрес