Жител на Велешта упатил вербални закани кон повеќе вработени во општина Струга

Струга, 18. јули 2019 (ИНПРЕС) – На 17-ти јули 2019 година, во 20:00 часот, вработен во локалната самоуправа во Струга, во Полициската станица во Струга, пријавил вербални закани упатени од Б.К. од селото Велешта кон повеќе вработени во општината.

– По целосно документирање на настанот, Полициската станица ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива