Уште една вечер со богата програма кај каналот „Студенчишта“ во рамките на „Културолошката иницијатива 5 до 12“

Охрид, 19. јули 2019 (ИНПРЕС) – Синоќа продолжија активностите од богатата програма на алтернативното културно лето во Охрид, „Културолошка иницијатива 5 до 12“.

На нова сцена, патеката кај Билјанини извори и каналот „Студенчишта“, синоќа се одржа работилница за танц со студиото „Соната“, изложба на фотографии, како и Boarding games, по што забавата продолжи во Дискотеката Парк.

Image may contain: one or more people, sky and outdoor

Image may contain: 11 people, people smiling, people standing, sky and outdoor

– Имавме уште една одлична вечер. Ги учевме основите на танцот со „Соната“, а не помалку внимание кај посетителите привлече и изложбата на отворено, во која уживаа сите кои ја поминуваа ноќта во прошетка на ова прекрасно место. Следуваа атрактивните Boarding games, а вечерта ја завршувме на подиумот на Дискотеката Парк, информираат организаторите.

Image may contain: one or more people, sky, tree, shoes, crowd, outdoor and nature

Image may contain: 4 people, people standing, sky, shoes, cloud, child, outdoor, nature and water

Image may contain: 1 person, sitting, child, tree and outdoor

Во рамките на алтернативното културно лето „Културолошка иницијатива 5 до 12“ предвидена е разновидна и богата програма, во која ќе се вклучат многу луѓе од урбаниот живот во Охрид, млади и креативни луѓе кои сликаат, фотографираат, танцуваат, глумат, играат, свират итн.

Организатори се Супер радио и НАТГ „Аматер“ од Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива