Од денес движење на моторни возила во Стар град само со картички

Охрид, 19. јули 2019 (ИНПРЕС) – Од денес влез и излез во Стар град само со картички.

Од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици при општина Охрид потсетуваат дека жителите од стариот дел на Охрид ќе може непречено да влегуваат и излегуваат во овој дел од градот само доколку ги имаат регулирано своите обврски согласно актите донесени од страна на Општина Охрид, односно имаат картичка за движење во овој дел од градот.

Со тоа започнува функционирањето на системот согласно утврдениот режим на сообраќај за старото градско подрачје и Правилникот за издавање на картички за движење на моторни возила.

Дистрибутерите кои обавуваат дејност во овој дел од Охрид да доставуваат роба во одреденото време и најдоцна до 10:00 часот да го напуштат овој дел од градот, во спротивно нивните картички ќе бидат блокирани. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива