Поевтинуват бензините и дизелот

Скопје/Охрид, 22. јули 2019 (ИНПРЕС) – Од полноќ пониски цени на на нафтените деривати.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика цената на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалува за еден денар, а на Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за половина денар.

Новата цена на литар Еуросупер БС-95 ќе биде 69,50, на Еуросупер БС-98 71,50, на Еуродизелот 61,50, а на Екстра лесното масло за домаќинство 51 денар.

Се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе чини 34,167 ден/кг. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива