СИТЕ ВО ОХРИД: Matthew Dekay во петок го отвора првото издание на AMANET FESTIVAL 2019

Охрид, 22. јули 2019 (ИНПРЕС) – Со настапот на Matthew Dekay, еден од омилените дј-и на македонската публика, во петок започнува првото издание на електронскиот фестивал AMANET FESTIVAL 2019-та.

– Драги пријатели ова лето се раѓа AMANET FESTIVAL. Со особено задоволство би сакале да ви го најавиме првото издание на електронскиот музички фестивал AMANET. Основната линија на фестивалот е да презентира звучни имиња од глобалната електронска сцена сместени во два фестивалски викенди, 26-ти, 27-ми и 28-ми јули и први и 3-ти август 2019 година. AMANET FESTIVAL оваа година ќе понуди богата програма како целовечерните журки под отворено небо на плажата Градиште 2, ексклузивните warm up журки кои ќе се случат на бродот „Галеб“, дневните журки, и првата и единствена журка која ќе се случи на зајдисонце, на атрактивната и пристапна локација со еден од најубавите погледи кон градот Охрид и Охридското Езеро, „Долни Сарај“. Нашите планови и амбиции се AMANET FESTIVAL да прерасне во сериозен фестивал кој ќе биде препознатлив белег на македонската урбана и прогресивна сцена, градот Охрид и Македонија. Како значаен дел од глобалните светски трендови на целосно музичко доживување се потрудивме да понудиме ексклузивна, квалитетна и фестивалска програма, порачуваат организаторите од Sun Produkcija кои најавуваат врвна програма во рамките на првото издание.

Честа да го отвори првото издание на AMANET Festival 2019 ќе ја има еден од омилените дј-и на македонската публика, човекот кај кого забавата е загарантирана – Matthew Dekay.

Неговата способност целосно да се предаде на оваа фрекфенција и да дејствува како нејзин катализатор целосно препуштајќи се на нејзиното течение и вибрации, е причината за неговата успешна кариера досега. На почетокот на својата академска кариера како музичар, Matthew Dekay ги осознава слободата и магичноста на електронската музика, каде стриктните правила на класичната симфонија едноставно не постојат. Во овој процес, тој открива цел еден нов свет каде може да го искаже своето внатрешно чувство и кој набрзо станува негов животен пат. Неговиот сет на Gradiste 2 – Summer Beach Club ќе можете да го проследите во петок, 26-ти јули.

СИТЕ ВО ОХРИД, Уште 9 дена СИТЕ на AMANET FESTIVAL 2019

Покрај настапот на Matthew Dekay, настаните за кои веќе се бара билет повеќе се и ARTBAT, најбараниот техно акт на планетава во моментов и секако на ѕвездата на летото Nic Fanciulli.

Комплетната програма ОВДЕ.

Image may contain: text

Супер радио и ова лето продолжува со својот проект СИТЕ ВО ОХРИД. На нашата програма, но и на нашите информативни портали OhridPress и Inpress ќе ги промовираме сите настани, кои ќе се одржуваат на Охридско-струшката ривиера, во насока на уште една поуспешна и подолга туристичка сезона. Ве очекуваме, и ова лето СИТЕ ВО ОХРИД. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива