Во вчерашниот пожар во Струга изгореа 33 едрилици

труга, 22. јули 2019 (ИНПРЕС) – 33 изгорени едрилици и само две спасени е билансот од големиот пожар кој вчера изби во хангарот на Едриличарскиот клуб „Снегар“ кај популарната „Машка плажа“ во Струга.

Струшките пожарникари интервенираа со 13 лица и две возила и за брзо го локализираа пожарот. За среќа нема повредени лица, но е причинета поголема материјална штета. Еден пожарникар беше хоспитализиран поради труење од чад.

Image may contain: outdoor

Image may contain: sky, cloud, outdoor, nature and water

Покрај 33-те едрилици, огнот однесе и четири чамци, но и комплетната, 60 години старата документација на клубот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: Данче Секулоска