Над 10 пријавени учесници за годинашната „Охридска софра 2019”

Охрид, 22. јули 2019 (ИНПРЕС) – При крај се подготовките за годинашната манифестација „Охридска софра 2019”, која ќе се одржи на 27-ми јули во сeлото Скребатно.

Досега има пријавено десетина учесници, кои ќе се натпреваруваат во подготовка на највкусното ѓомлезе. За таа цел е обезбеден вкупен награден фонд од 20.000 денари за трите најдобро подготвени ѓомлезиња. Првата награда е во вредност од 10.000 денари, втората награда е 7.000 денари, а третата награда изнесува 3.000 денари.

Манифестацијата претставува промотивен настан за презентација на традиционален рецепт за подготовка на познатото охридско ѓомлезе, а истовремено и одлична можност за промоција на туризмот во руралните средини.

На гостите и посетителите ќе им биде презентирано богатството на охридската традиционална храна, пијалоци и други етнолошки вредности, како дел од туристичка понуда на Охридскиот регион. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива