Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника Сообраќајните незгоди со загинати лица во Охрид зголемени за 20 отсто во однос на минатата година

Скопје/Охрид, 22. јули 2019 (ИНПРЕС) – Во 2018 година има намалување на сообраќајните несреќи со потешки последици, со загинати лица и со повредени лица. Сепак, во Охрид се бележи зголемување за 20% на незгодите во кои загинале лица.

Според најновата статистика на МВР во 2018 година во споредба со 2017 имало за 6,9 отсто помалку сообраќајки со потешки последици. Намалување има и кај сообраќајките со повредени лица (-6,7 %) и кај сообраќајките со загинати лица (-13,6 %). Но, сепак има реони, односно градови каде дел од овој тренд бележи пораст.

Во 2018 година вкупно се регистрирани 3.740 сообраќајки со потешки последици, 118 сообраќајки во кои имало загинати лица и 3.622 сообраќајки со повредени лица.

Сепак од анализата на МВР по градови може да се забележи дека во Тетово има за 66,7 отсто зголемување на сообраќајните незгоди со загинати лица, а во Куманово тоа зголемување е 40 отсто, а во Охрид е 20 отсто. Во сите други градови има намалување. Кај делот на сообраќајни незгоди со потешки повреди единствено на територијата на Велес и на Штип има зголемување, а во однос на сообраќајките со повредени лица зголемување има само во Велес и Штип.

Како најчести фактори за сообраќајките се брзо возење (638), непочитување на првенство на минување (515), не држење на страна и правец на движење (390). Во 104 случаи виновни за незгодите биле пешаците. (Крај)

извор: МВР фото: архива