Министерот Оливер Спасовски и бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов во Охрид ќе потпишат протокол за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе

Охрид, 23. јули 2019 (ИНПРЕС) – Заменик претседателот на македонската Влада и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за одбрана на Република Бугарија Красимир Каракачанов денес во Охрид ќе потпишат протокол за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе.

Чинот на потпишувањето ќе се одржи во 10:30 часот во премиерската вила во Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива