Реал и Арсенал се договориле за Себаљос

Лондон, 23. јули 2019 (ИНПРЕС) – Дани Себаљос денес или најдоцна утре треба да стане играч на Арсенал. Шпанецот треба да се пресели во северен Лондон како позајмен играч, а Арсенал ќе треба да го откупи неговиот договор по истекот на сезоната.

Себаљос не сакаше, но мораше да го напушти Реал Мадрид. Клучен за трансферот во Арсенал бил Унаи Емери кој му ветил дека ќе му ја исполни желбата, а тоа е да одигра околу 40 натпревари во сезоната.

Арсенал во трката за Себаљос ги победи Милан и Тотенхем. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива