Почина последниот преживеан од првиот конвој испратен во Аушвиц

Варшава, 24. јули 2019 (ИНПРЕС) – Казимир Албин, последниот преживеан од првиот конвој испратен во логорот Аушвиц во јуни 1940 година, почина на 96-годишна возраст во Варшава.

– Подоцна во животот Казимир Албин сметаше дека негова најважна должност е да зборува за Аушвиц и неговите убиени затвореници. Пишуваше книги, држеше говори, патуваше и разговараше со млади луѓе во многу земји – изјави потпретседателот на Меѓународниот одбор за Аушвиц, Кристоф Хејбнер.

Тој истакна дека на Албин му било посебно важно неговиот глас да се слушне во Германија.

Албин пристигнал во Аушвиц како 17-годишно момче, а во 1943 година заедно со уште еден логораш успеал да побегне од Аушвиц. Во Краков му се придружил на полското движење за отпор и се борел за ослободување на својата земја и на Аушвиц.

По бегството, неговиот брат кој останал во логорот бил малтретиран.

Многу ретко се случувало бегство од Аушвиц. Од околу 1,3 милиони луѓе испратени во логорот, само 602, вклучувајќи и 45 жени, се обиделе на побегнат. Успеале да побегнат само 144 лица, фатени се 327, а судбината на останатите 331 не е позната. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива