Жештините опасни за ѕидовите на Нотр Дам

Париз, 26. јули 2019 (ИНПРЕС) – Рекордните температури кои ја зафатија Европа може да предизвикаат целосно уривање на ѕидови во катедралата Нотр Дам, сметаат стручњаците.

Филип Вилнев, француски архитект и реставратор на историски споменици, рече дека камените ѕидови и натаму се влажни по гаснењето на пожарот во април.

– Структурата и натаму е кревка… Поради горештините кои се очекуваат во Париз оваа седмица, ѕидовите може за кусо време да се исушат – тврди архитектот.

Во овој миг се работи на стабилизација на структурата на катедралата пред почетокот на реконструкцијата на објектот. А, температурите што европските метеоролози ги предвидуваат за деновиве, само го отежнуваат тоа.

– Она од што сега се плашам, е тоа дека додека ѕидовите се сушат, може да почнат да ја губат својата цврстина и така одеднаш да попуштат – додава архитектот Вилнев. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива