Охриѓанец нападнал лице од Скопје на кеј „Македонија“ во Охрид

Охрид, 28. јули 2019 (ИНПРЕС) – На 27-ми јули 2019 година, во 03:30 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид е нарушен јавниот ред и мир од страна на 29-годишниот И.К. од Охрид кој го нападнал 25-годишниот С.Д. од Скопје.

– По целосно документирање на настанот, СВР Охрид против сторителот ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива