WizzAir со четири нови дестинации од Охрид и Скопје

Скопје/Охрид, 29. јули 2019 (ИНПРЕС) – Нискобуџетната компанија WizzAir ќе оперира со четири нови авиодестинации кои се достапни за граѓаните од земјава од аеродромите во Охрид и Скопје.

Од први август се воведуваат летови од Скопје до Турку, Финска и Ларнака, Кипар, а од Охрид до Меминген и Дортмунд во Германија.

Покрај новите четири дестинации, на први август ќе биде промовирано и поставувањето на петтиот воздухоплов на базата на WizzAir во Скопје.

WizzAir од двата аеродрома во земјава опслужува околу 40 дестинации. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива