Кривични за претседателот и секретарот на ИО на Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца кои неосновано си доделувале пари

Охрид, 29. јули 2019 (ИНПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривични пријави против 82-годишниот Ѓ.Т. и 63-годишниот С.В., двајцата од Охрид, за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и продолжено кривично дело „несовесно работење во службата“.

– Вo периодот од 2016 до 2018 година, првопријавениот, во својство на претседател на Извршен одбор на Здружение на пензионери на опшина Охрид и Дебрца, а второпријавениот во својство на секретар на истото здружение, неосновано си определиле за себе паричен надоместок по основ на присуство на седници на одборите на наведеното здружение. Во истиот период, пријавените без прибирање на понуди или распишување на оглас за набавка на услуги за превоз на членовите на здруженитео, склучиле 78 договори за превоз на патници со компанија од Охрид, со што овозможиле наведеното правно лице да се стекне со противправна корист, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива