Поднесена тужба поради загадување по пожарот во катедралата Нотр Дам

Париз, 30. јули 2019 (ИНПРЕС) – Француското здружение Робин Худ, кое претходно предупреди на можноста од загадување од олово по пожарот во катедралата Нотр Дам во Париз, поднесе тужба против непознат сторител поради можноста од загрозување на здравјето, пишува весникот „Монд“.

Здружението, по пожарот во април, предупреди на санитарна опасност, бидејќи во потпокривот на познатата катедрала изгоре речиси 400 тони олово, кое подоцна падна на површината и се прошири во облик на прашина внатре и околу објектот.

Организацијата смета дека властите не преземале соодветни мерки неопходни за соочување со опасностите на кои можат да бидат изложени работниците на градилиштето и станарите во околните згради.

Според наводите на информативната веб-страница Медијапар, концентрацијата на олово е околу 800 пати поголема од дозволеното. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива