Missing image

Спортски камп за децата од дијаспората во Струга

Струга, 30. јули 2019 (ИНПРЕС) – Од 5-ти до 10-ти август во Струга ќе се одржи спортски камп за децата од дијаспората.

Организатор е Агенцијата за иселеништво. Основната цел за реализација на овој Спортски камп е пред се промоција на земјата пред децата на иселениците и запознавање со нивната татковина и мајчиниот јазик, како и поттикнување на истите за здрав живот и спортска активност уште од најраната возраст.

Децата ќе имаат можност да се стекнат со теоретски и практични искуства и знаења, поврзани со кошарката, ракометот и фудбалот, да другаруваат со професионалните спортисти од женскиот кошаркарски клуб „Струга“, женскиот ракометен клуб „Стружанка“ и фудбалскиот клуб „Караорман“ и да се стекнат со знаења за здрава исхрана, пренесена од страна на професионални нутриционисти, велат од Агенцијата.

Оттаму соопштуваат дека и во иднина ќе продолжат со реализацијата на проекти кои се во интерес на иселениците во дијаспората. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива