Две лица нападнале 60-годишен охриѓанец

Охрид, 30. јули 2019 (ИНПРЕС) – На 29-ти јули 2019 година, околу 10:00 часот, на улицата „Сатеска“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир.

– Во посочениот период регистриран е физички напад извршен од страна на 44-годишниот Н.У. и уште едно лице врз 60-годишниот И.И. од Охрид. Н.У. е повикан во Полициската станица во Охрид и е извршен службен разговор и против него и вториот напаѓач ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива