Три лица од струшко нападнале полициски службеник

Струга, 30. јули 2019 (ИНПРЕС) – На 29-ти јули 2019 година, околу 17:00 часот, на улицата „Ристо Крле“ во Струга нарушен е јавниот ред и мир со напад врз службено лице при вршење службени дејства.

– Притоа, приведени се 38-годишниот А.К. и три години помладиот Д.К., двајцата од струшкото село Џепин, како и 29-годишниот Л.Б. од Струга. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива