Градоначалниците од Југозападниот плански регион ќе го потпишат договорот за финансирање на Центарот за 2019 година

Струга, 30. јули 2019 (ИНПРЕС) – Министерот за локална самоуправа Горан Милевски утре, 31-ви јули 2019 година ќе оствари посета на Струга.

Заедно со градоначалниците од Југозападниот плански регион, тој ќе го потпише договорот за финансирање на Центарот за развој на планскиот регион за 2019 година.

Настанот ќе се одржи во салата на општина Струга. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива