Денес ќе се врши теристичка дезинсекција против комарци, пчеларите да ги превземат соодветните мерки за заштита

Охрид, 31. јули 2019 (ИНПРЕС) – Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на општина Охрид, во поширокиот регион на Охрид денес ќе биде спроведена превентивна систематска дезинсекција.

Запрашувањето ќе се врши во периодот од 21:00 до 06:00 часот. Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потегот од селото Подмолје до комплексот „Св. Наум“, територијата на град Охрид, како и потегот на реките Грашница и Коселска Река.

– Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите. Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден, информираат од охридската локална самоуправа. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива