Ирачки пилот побарал од патниците да соберат пари за гориво за да полетаат

Тунис, 31. јули 2019 (ИНПРЕС) – Ирачки пилот побарал од патниците да соберат пари за гориво, за да може да полетаат, по доцнењето на лет од Тунис кон Багдад.

Патниците бурно реагирале на оваа „непристојна понуда“ на eкипажот. А, сметката од 3.000 долари, на крајот ја платиле службениците од ирачката Амбасада во Тунис.

Молбата на пилотот патниците да соберат 3.000 долари за гориво, предизвика контроверзи, по што сопственикот на компанијата тврдеше дека целата приказна е лажна и дека авионот од Тунис полетал без проблеми.

– Имаше некои технички и логистички проблеми поради коишто летот доцнеше – кусо соопштија од ирачката авио-компанија. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива