Баерн го прегази Фенербахче во Минхен со 6-1,Тотенхем подобар од Реал (видео)

Минхен, 31. јули 2019 (ИНПРЕС) – Фудбалерите на минхенски Баерн, на својата „Алијанц Арена“ синоќа со високи 6-1 ја демолираа екипата на Фенербахче во полуфиналето на пријателскиот Ауди куп.

Со тоа Баварците се изборија за финален меч против тимот на Тотенхем кој претходно со 1-0 славеше над Реал Мадрид.

Фудбалерите на Баерн работата ја завршија уште по првото полувреме. До 45 минута водеа со 5-0 со головите на Санче, Горецка, Коман и двата погодока на Томас Милер.

Во вториот дел Баерн со голот на Милер, негов трет на мечот стигнаа до високи 6-0, а почесниот гол за гостите од Турција беше дело на Крус.

Двајцата тренери им дадоа шанса на повеќе фудбалери на овој пријателски меч, но далеку поуспешни беа шампионите на Германија.

Целиот текст тука

извор: Топспорт фото: архива