Дибала за Лукаку, Јуве и Јунајтед постигнале договор

Торино, 31. јули 2019 (ИНПРЕС)Челниците на Манчестер Јунајтед и Јувентус речиси ја договориле размената Ромелу Лукаку за Паоло Дибала, а според медиумите за да биде комплетиран целиот договор треба уште Аргентинецот да „испегла“ некои детали со „црвените ѓаволи“.

Менаџерскиот тим на Дибала од вчера е во Лондон на разговори со челниците на Јунајтед, а доцна синоќа некои медиуми објавија дека договорот бил постигнат. Аргентинецот ќе игра за Јунајтед за годишна плата од 10 милиони евра.

Во целата приказна е вклучен и напаѓачот на Јувентус, Лукаку, кој ќе замине во Торино. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива