Сите да помогнеме за обнова на едриличарскиот клуб „Снегар“

Струга, 31. јули 2019 (ИНПРЕС) – Сите да помогнеме за обнова на едриличарскиот клуб „Снегар“ од Струга, каде на 21-ви овој месец изби пожар пришто изгоре клупската флота.

– Висината на штетата заедно со градежните оштетувања првично се проценува околу 300.000 евра. Ве молиме да ни помогнете во рамките на Вашите надлежности да го ревитализираме клубот за обновување на хангарот, канцелариите на клубот и спортските бродови, за да можеме да ги надминеме првичните кризни денови и да ја вратиме спортската активност на клубот. Спортски поздрави, велат од клубот.

За таа цел отворена се денарска и девизна донациска сметка во Стопанска банка на Едриличарски клуб „Снегар“ Струга

200 003476774193

BANK: STOPANSKA BANKAAD SKOPJE
BRANCH STRUGA
Adress: Marshal Tito 54,Struga
SWIFT CODE: ST0BMK2X
BENEFICARY: EDRILICARSKl KLUB SNEGAR STRUGA
IBAN MK0720Q002047000886
ACC EUR 0020470008

33 изгорени едрилици и само две спасени беше билансот од големиот пожар кој изби во хангарот на едриличарскиот клуб „Снегар“ кај популарната „Машка плажа“ во Струга. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива