Се подготвува сцената за јубилејното издание на Green Beach Festival (Фото)

Струга, 31. јули 2019 (ИНПРЕС) – Се подготвува сцената за годинешното јубилејно, 10-то по ред издание на Green Beach Festival кое започнува утре и носи имиња кои се на самиот врв на светските подиуми.

Два дена во Струга се резервирани за најголемата журка ова лето на фестивалската локација кај хотел „Еуротел“.

Image may contain: sky, tree and outdoor

Еден од водечките продуценти на денешницата, симболот на Берлин како светска престолнина на современата електронска сцена – Paul Kalkbrenner го предводи јубилејниот Green Beach Festival #10! Неповторливиот уметник на кој му успева да биде врвен и на андерграунд и на мејнстрим сцената во исто време, пристигнува за прв пат во Македонија, на 1-ви август во Струга.

Green Beach Festival годиниве прерасна во вистински синоним за најквалитетно електронско доживување и ја продолжуваат традицијата на претставување на врвни уметници од светската сцена во зенитот на нивната кариера и премиерно во Македонија. Оваа карактеристика на фестивалот, со својата кариера и тоа како ја исполнува првиот изведувач кој го потврди своето гостување на јубилејното издание: едно од највозбудливите имиња на светската сцена во моментов, техно/хаус тандемот Adriatique.

Зад Adriatique стојат двајца уметници – Адријан Шала и Адријан Швајзер, кои како веќе етаблирани швајцарски диџеи се запознаваат во 2008-ма година во Цирих, веднаш спријателувајќи се и започнувајќи да творат под името со кое изградија кариера како еден од најконзистентните и најдобрите диџејски и продуцентски тандеми на техно и хаус сцената.

Повеќе за јубилејното издание на Green Beach Festival од интервјуто за Супер радио и OhridPress на Илија Куртески, проектен менаџер на Password Production.

Image may contain: text

Супер радио и ова лето продолжува со својот проект СИТЕ ВО ОХРИД ( и Струга во случајов 🙂 ). На нашата програма, но и на нашите информативни портали OhridPress и Inpress ќе ги промовираме сите настани, кои ќе се одржуваат на Охридско-струшката ривиера, во насока на уште една поуспешна и подолга туристичка сезона. Ве очекуваме, и ова лето СИТЕ ВО ОХРИД. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива